Американската манекенка и актерка Емили Ратајковски уште еднаш ги помести границите на социјалните мрежи и предизвика вистински еротски земјотрес кај своите обожаватели, избирајќи ја сончевата Грција за својата летна дестинација. Дека нејзиниот престој на Медитеранот нема да помине без провокации потврди самата таа кога на својот Инстаграм профил сподели серија кадри, меѓу кои и една фотографија каде позира комплетно соблечена, како од мајка родена. Во плитките води на ноќното море, со стратешки поставена чаша вино во раката која едвај ги прикрива нејзините бујни гради, 35-годишната бринета покажа чист сексапил кој за неколку часа собра повеќе од половина милион лајкови, привлекувајќи го вниманието дури и на нејзината блиска пријателка, славниот топ-модел Ирина Шајк.