Балканската пејачка Сенида Хајдарпашиќ, позната како Сенидах, доживеала непријатна ситуација за време на настапот во познат клуб на островот Крк во Хрватска, поради што во еден момент морала да го прекине концертот. За време на настапот, пејачката ненадејно ја прекинала музиката и им се обратила на организаторите и на обезбедувањето. Од нив побарала да го пронајдат човекот од публиката кој, според наводите, ја гаѓал со мраз.