Додека европските медиуми сè уште не престануваат да ја анализираат разделбата со поранешниот сопруг, легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, поранешната тениска кралица Ана Ивановиќ испрати сосема поинаква порака – ужива, блеска и изгледа подобро од кога било. Нејзините најнови фотографии од луксузниот одмор во Капри во Италија за само неколку часа ги преплавија социјалните мрежи, а коментарите не престануваат да се нижат. Наместо да зборува за приватниот живот, Ана одлучи сè да каже со насмевка, стил и фотографии кои многумина ги опишуваат како нејзино најатрактивно летно издание досега.