Николина Ковач важи за една од дамите со препознатлив, женствен стил, а сега покажа дека не ѝ е потребна тешка шминка или гламурозна облека за да изгледа добро. Пејачката објави фотографии на социјалните мрежи на кои е сосема природна, без шминка и филтри, а нејзиното издание привлече големо внимание од нејзините следбеници. На фотографиите, Николина ги покажа своите природни црти на лицето, без нагласени веѓи, вештачки трепки и шминка на која публиката е навикната да ја гледа за време на јавни настапи.