Драган Спасов – Дац со децении е едно од најпрепознатливите и најомилените лица на македонската културна сцена. Актер, музичар, боем и човек кој со својата непосредност и специфичен хумор успева да допре до публиката, Дац и овојпат привлече големо внимание со нешто многу лично Имено, актерот сподели искрен и емотивен разговор „сам со себе“, обраќајќи му се на својот помлад лик. Покрај фотографијата која веднаш ги привлече погледите на неговите следбеници, Дац испрати и силна животна порака, за годините кои минуваат, изборите што ги правиме, грешките кои нè обликуваат и за најважното од сè – да не заборавиме да го живееме животот со полни гради.