Долго топло лето, пеколни горештини во кои ретко кој во живо е на програма и работи емисии. Една од оние која ем летува ем снима, е Ивана Јанковска која со својата црномуреста колешека, македонската снашка Ема Вандера и преку лето одат со своето забавно музичко ток шоу „Старс“ . Само преку лето од отворена локација, како „Хот старс“ во кои им гостуваат актуелни имиња од светот на естрадата, забавата, модата, ТВ лица, инфлуенсери... Во едно од последните изданија на гости им дојде Антониа Гиговска.