Новак Ѓоковиќ и неговата една година повозрасна сопруга Јелена се запознале во средно училиште во Србија. Нивната врска продолжила и кога тој се преселил во Монте Карло за својата тениска кариера, додека таа студирала во Италија. Се венчаа во 2014 година, а денес имаат две деца, Стефан (12) и Тара (8). Пред премиерата на новиот документарец „Новак Ѓоковиќ: Волк во зима“, којшто ќе се прикажува од утре, четврток, тенисерот гостува со интервју за списанието „Пипл“ (People), па проговори и за неговиот брак со Јелена.