На денешен ден во поблиската и подалечната историја на Македонија се случиле повеќе настани, меѓу кои тортурата и убиството на народниот херој Рампо Левков – Левката, како и масакрот на 18 македонски патриоти во прилепско Дабница, од страна на бугарскиот окупатор во 1942 година. Две години подоцна гостиварско Беличица во 1944 година беше опколено од балистите, селото беше запалено, заедно со 17 жители на селото. Во нерамна борба на 35 партизани против 300 добро вооружени балисти загинаа народните херои Тодор Циповски – Мерџан и Ѓоце Стојчевски – Амбарче.