Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан, по повеќегодишна борба со ракот, почина на 18 август на 77-годишна возраст. Нејзината смрт предизвика бројни реакции низ целиот регион Додека граѓани од сите држави на поранешна Југославија ѝ оддаваа почит, една објава на сопругата на познат хрватски спортист предизвика голема бура на социјалните мрежи. Имено, Ива Алиловиќ, сопруга на хрватскиот спортист Мирко Алиловиќ, на социјалните мрежи отворено напиша дека Ведрана Рудан, како што навела, „не можела органски да ја поднесе“ и дека затоа нема намера лажно да ја оплакува.