Во духот на одбележувањето на големиот православен празник Успение на Пр Во духот на одбележувањето на големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и празникот посветен на Св. Јоаким Осоговски – небесниот заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува музички спектакл каков што градот не памети во поновата историја. На 29 август, Градскиот стадион во Крива Паланка ќе биде местото каде што илјадници посетители ќе уживаат во незаборавна вечер исполнета со врвна музика, безвременски хитови и спектакуларна атмосфера, со настапите на три големи музички имиња: Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар. Музичката програма ќе ја започне нашиот Слаткар, еден од најпрепознатливите изведувачи на македонската музичка сцена, кој ќе донесе свежа енергија, модерен звук и хитови што ќе ја кренат публиката на нозе.