Повлекувањето на мразот, предизвикано од затоплувањето на морињата, отвори нови области за нивно Повлекувањето на мразот, предизвикано од затоплувањето на морињата, отвори нови области за нивно летно хранење и доведе до голема промена во екосистемот на регионот, објави Би-Би-Си. Која е причината? Истражувањето покажа нагло зголемување на бројот на грбави китови - додека до 2006 година немаше регистрирани видувања на нив во областа, во 2007 година имаше седум, а до 2024 година дури 150. Врз основа на воздушни снимки, сателитско следење на 15 китови и податоци од ловци на Инуити, научниците проценуваат дека околу 4.000 грбави, 6.000 перки и 6.000 минке китови го посетиле Гренландското Море во текот на летото 2024 година.