Поранешниот шведски репрезентативец објави снимка на која изведува акробации над морето користејќи флајборд, предизвикувајќи бројни реакции од страна на неговите следбеници На снимката се гледа како Ибрахимовиќ, со помош на силни млазови вода, изведува различни акробации неколку метри над морската површина. Во еден момент тој се спушта кон водата, а потоа повторно полетува и ги раширува рацете пред камерата. Ибрахимовиќ под снимката напиша само еден збор – „Аквамен“, јасно шегувајќи се на сметка на познатиот суперхерој кој владее со подводниот свет, а судејќи според реакциите на неговите следбеници, споредбата особено им се допаднала.