Во координација со Министерството за внатрешни работи, а со цел обезбедување побезбеден и поефикасен протокол за влез на концертот на Во координација со Министерството за внатрешни работи, а со цел обезбедување побезбеден и поефикасен протокол за влез на концертот на David Guetta: The Monolith Show, по повод 35 години независност, ве информираме дека секој кој има купено влезница за концертот потребно е истата да ја замени за соодветна нараквица. Замената на влезниците за нараквици ќе се одвива во Градски парк – Вембли во Скопје, во специјално поставени куќарки, според следниот распоред: * 4 септември: 16:00 – 20:00 часот * 5 септември: 12:00 – 20:00 часот * 6 септември: 12:00 – 20:00 часот * 7 септември: 12:00 – 20:00 часот. При замената, задолжително понесете ја влезницата што сте ја купиле, во физичка или електронска форма, како и лична карта или документ за идентификација на лицето кое ќе ја носи нараквицата.