Постојат модни комбинации кои во теорија звучат како едноставно да не би требало да функционираат, но кога ќе ги облече Ријана сите модни правила одеднаш престануваат да важат Токму тоа повторно го докажа по вечерата во њујоршкиот ресторан „Пастис“, каде што се појавила во издание кое истовремено изгледа како создадено за домашна атмосфера, но и за вечерно излегување. Главната ѕвезда на комбинацијата бил кадифениот комплет во топла портокалова нијанса. Дуксерот со опуштен крој и панталоните со широки ногавици непогрешливо потсетуваат на естетиката на тренирките од почетокот на 2000-тите, но Ријана ова изразено лежерно парче, кое потсетува на удобна тренирка, го „однела“ во сосема поинаква насока.