Две слики од импресионистичкиот мајстор Клод Моне, кои никогаш не биле јавно изложени, ќе бидат поинудени на наддавање во октомври во Париз, во организација на богатото семејство Шлумберже од Франција, објави претходно седмицава аукциската куќа Sotheby’s. „Перуники“ (Iris), голема слика што Моне ја завршил кон крајот на својот живот, се проценува на 22 до 30. Две слики од импресионистичкиот мајстор Клод Моне, кои никогаш не биле јавно изложени, ќе бидат поинудени на наддавање во октомври во Париз, во организација на богатото семејство Шлумберже од Франција, објави претходно седмицава аукциската куќа Sotheby’s. „Перуники“ (Iris), голема слика што Моне ја завршил кон крајот на својот живот, се проценува на 22 до 30 милиони евра, што е „највисоката проценка досега дадена за слика понудена на аукција во Франција“, објави Sotheby’s презентирајќи ја продажбата во своето седиште во Париз. Сликата никогаш не го напуштила семејниот дом на Шлумберже во Париз откако ја стекнала Жана Шлумберже (1889-1983), која ко-шефот на одделот за ликовни уметности на Sotheby’s. Томас Бомпард, ја опиша како „врвен колекционер на уметнички дела“.