Американскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал биле принудени да се евакуираат од својот дом во местото Брињол, на југот од Франција, поради шумски пожар што го зафати регионот Вар, пренесе БМФ ТВ Клуни, заедно со своите деветгодишни близнаци Александер и Ела, ја напуштил вилата во средата навечер, откако пожарот се проширил на околу 130 хектари земјиште, од кои приближно 100 хектари изгореле, додека повеќе од 600 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови. Имено, парот ја потврдил веста за евакуацијата во писмо испратено до градоначалникот на Брињол, Дидие Бремон. „Драг Дидие, во овој момент немаме никаква претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ја преживее оваа страшна катастрофа“, напишале Џорџ и Амал Клуни.