Хозе Флорес од Костарика би сакал - заедно со своето семејство, да добие потврда дека тој е највозрасниот човек во светот. Неговото семејство и официјалните документи наведуваат дека тој има 119 години, што би го направило најстар човек во светот, иако за меѓународната потврда за датумот на неговото раѓање сè уште се чека додека експертите ги разгледуваат записите, објави „Вашингтон пост“. Според неговата лична карта, Флорес е роден на 11 јули 1907 година.