Хуманитарен настан за поддршка на „Мускулна дистрофија асоцијација - Македонија“ (МДА-Македонија) се одржа денеска во „Бифе Тафталиџе“ во Скопје, каде граѓаните имаа можност преку донации и купување примерок од најновата книга на драмскиот писател и колумнист Братислав Димитров, „Дремка за двајца“, да придонесат за обезбедување поддршка за децата и лицата што живеат со мускулна дистрофија. Татјана Димовска Атанасова, пријател на здружението МДА, истакна дека целта на иницијативата не е само еднократно собирање средства, туку и поттикнување на хуманост, емпатија и поголема свесност за предизвиците со кои се соочуваат овие лица. Нашата идеја не е само еднократно да собираме средства и да ги донираме, туку и да поттикнеме хуманост, емпатија и поголема свесност и грижа за овие лица кои навистина се во незавидна состојба.