Организаторите на глобалниот фитнес-натпревар „HYROX“ (Хирокс) јавно се извиниле и најавиле итни промени во правилата откако на австралиската спортистка Џоана Вјетржик ѝ било дозволено да го заврши натпреварот во Пекинг и да победи, иако за време на трката извршила голема нужда. Снимките од светската рекордерка од натпреварот одржан минатата сабота, на кои се гледа како продолжува со исклучително напорните вежби и ја користи заедничката опрема додека по нозете ѝ се слева измет, брзо се проширија на социјалните мрежи, пишува „Гардијан“. Вјетржик, која доаѓа од Мелбурн и има нешто повеќе од 20 години, победила во женската трка „ХИРОКС Про“ во Пекинг со време од 1:01:23. Таа воедно е и светска рекордерка во женската соло-дисциплина со време од 54:25, поставено во Варшава во април годинава.