Дури 45 % од преселните видови птици се во опаѓање, секој деветти вид е загрозен од исчезнување, а меѓу најзагрозените се морските и крајбрежните птици кои зависат од морските живеалишта, шумите и крајбрежните влажни подрачја, стои во најновото издание на извештајот „Состојбата со птиците во светот“, коешто беше претставено на скорешниот Глобален самит за преселните патишта (7-11 септември, Најроби, Кенија). … Дури 45 % од преселните видови птици се во опаѓање, секој деветти вид е загрозен од исчезнување, а меѓу најзагрозените се морските и крајбрежните птици кои зависат од морските живеалишта, шумите и крајбрежните влажни подрачја, стои во најновото издание на извештајот „Состојбата со птиците во светот“, коешто беше претставено на скорешниот Глобален самит за преселните патишта (7-11 септември, Најроби, Кенија). Извештајот се објавува на секои четири години, а ова е првото издание посветено на преселните птици и преселните патишта од кои тие зависат. Во него, јасно се наведува дека опаѓањето го предизвикува човекот со своите активности: користење инвазивни видови, интензивирање на земјоделството, неодржлив лов и климатски промени. Од друга страна, се посочува и дека кога земјоделските, риболовните и практиките на користење на земјиштето се адресираат долж целиот миграторен пат, наместо само на одделни локалитети, тогаш популациите на птици реагираат позитивно.