Сопругата на холивудскиот актер Брус Вилис, Ема Хеминг, откри кој бил првиот знак по кој забележала дека нешто не е во ред со познатиот актер. Тоа се случило многу пред да му биде дијагностицирана фронтотемпорална деменција (FTD) Како што раскажа во подкастот „Making Space with Hoda Kotb“, првиот симптом не било губењето на памтењето, туку повторното појавување на проблемите со пелтечењето, со кое актерот се борел како момче. Семејството Вилис во 2023 година соопшти дека славниот актер боледува од фронтотемпорална деменција, поретка форма на деменција која првенствено влијае врз однесувањето, говорот и способноста за комуникација.