„Бред Пит (62) во вторникот се појавил во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“ (Срцето на ѕверот) Актерот во студиото „Парамаунт“ делувал опуштено и добро расположено, иако неговите односи со дел од децата веќе подолго време се нарушени, а неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли неодамна повторно зборувала за нивниот семеен живот, пишува „Дејли мејл“.