Националните радиодифузери членки на ММА и јавниот сервис МРТ се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски компании блиски до државата, се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони, се наведува во реакцијата на ММА и МРТ, а во врска со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум. Од ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола, а македонскиот регулатор АВМУ „на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се произведуваат тука, а програмата се емитува на македонски јазик“. „Дополнително, во евиденцијата на српскиот регулатор РЕМ каналите Арена M1, M2 и M3 премиум не постојат што значи не се домицилни, српски канали.