Високите температури и рекордно ниските водостои во Средна и Југоисточна Европа ја оптоваруваат производството на електрична… Високите температури и рекордно ниските водостои во Средна и Југоисточна Европа ја оптоваруваат производството на електрична енергија и предизвикуваат поголема побарувачка, но сигурноста на снабдувањето е стабилна, иако се очекува ситуацијата да продолжи со недели, објави на X комесарот на Европската комисија за енергетика и домување, Дан Јоргенсен. Европската комисија поради тоа одржа во средата вонреден состанок за сигурноста на снабдувањето со електрична енергија во погодените делови од Европа, на кој се собраа претставници на Координативната група за електрична енергија, членките на Европската Унија, Европската мрежа на оператори на преносни системи за електрична енергија (ENTSO-E), надлежните регионални координативни центри и Секретаријатот на Енергетската заедница, извести Комисијата. Снабдувањето со електрична енергија е стабилно и нема краткорочни ризици по адекватноста, потврдија учесниците на состанокот, но заклучија дека тековните потешкотии ќе продолжат и во претстојните недели, пренесе комесарот.