Тесно мнозинство Исланѓани поддржува повторно покренување на пристапните преговори со Европската Унија, покажаа резултатите од најновата… Тесно мнозинство Исланѓани поддржува повторно покренување на пристапните преговори со Европската Унија, покажаа резултатите од најновата анкета во пресрет на референдумот за тоа прашање. Референдумот закажан за 29 август не се однесува на самото членство, туку по евентуалниот договор со ЕУ ќе биде потребно да се распише уште еден референдум за влезот на Исланд во блокот, врз основа на условите договорени во пристапните преговори. Резултатите од анкетата што агенцијата „Маскина“ ја спроведе меѓу 1.019 луѓе во периодот од 21 до 25 август покажаа дека 51,3 проценти од испитаниците поддржуваат продолжување на преговорите со Брисел за влегување во блокот, додека 48,7 проценти се противат на тоа, објави исландскиот дневен весник „Висир“ (Vísir). Разликата меѓу двете страни се намали во споредба со анкетата проведена на 13 август, кога 52,2 проценти од испитаниците рекоа дека поддржуваат повторно покренување на пристапните преговори, додека 47,8 проценти се противеа.