Германскиот канцелар Фридрих Мерц влегува во можеби најтешкиот период од доаѓањето на власт, бидејќи исходот од… Германскиот канцелар Фридрих Мерц влегува во можеби најтешкиот период од доаѓањето на власт, бидејќи исходот од покраинските избори во Саксонија-Анхалт би можел да ја одреди не само иднината на неговиот кабинет, туку и односот на силите во Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Изборите во оваа источногерманска покраина ќе се одржат на 6 септември, а истражувањата покажуваат дека Алтернатива за Германија (АфД) има повеќе од 40 отсто поддршка, додека ЦДУ се движи меѓу 24 и 26 проценти. Ваквиот резултат би ѝ донел на АфД убедлива победа и можност за првпат сериозно да претендира на формирање покраинска влада, што би претставувало преседан во послевоената германска политика. Убедливиот пораз на ЦДУ би бил директен ударац врз стратегијата на Мерц за таканаречениот „заштитен ѕид“, односно целосното одбивање соработка со АфД на сојузно и покраинско ниво.