Унгарската нуклеарна електрана Пакс, која произведува речиси половина од електричната енергија во земјата, би можела да биде исклучена уште овој викенд поради рекордно нискиот водостој на Дунав, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар. Според него, четирите реактори од руско производство во моментов работат со само една четвртина од вкупниот капацитет од 2 гигавати, а доколку нивото на Дунав продолжи да паѓа, … Унгарската нуклеарна електрана Пакс, која произведува речиси половина од електричната енергија во земјата, би можела да биде исклучена уште овој викенд поради рекордно нискиот водостој на Дунав, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар. Според него, четирите реактори од руско производство во моментов работат со само една четвртина од вкупниот капацитет од 2 гигавати, а доколку нивото на Дунав продолжи да паѓа, следната недела би можеле целосно да бидат исклучени – првпат по 44 години работа.