Москва и Ватикан успеаја да го зачуваат дијалогот заснован на заемна доверба и покрај меѓународната нестабилност – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на средбата со секретарот за односи со државите на Светата Столица, Пол Ричард Галагер. И покрај сите потреси на нашата планета, успеваме да одржуваме доверлив дијалог со Ватиканот, заснован на заемна почит, кој, се надевам, ни овозможува да бараме позитивни и реалистични решенија – рече рускиот министер. Шефот на дипломатијата на Светата Столица, од своја страна, истакна дека во денешната сложена меѓународна ситуација постои голема потреба од дипломатија.