Холандија, Полска, Шпанија и Шведска денес побараа Европската Унија да ја преиспита можноста за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина, проценувајќи дека договорениот заем од 90 милијарди евра нема да биде доволен за потребите на Киев. Министрите за надворешни работи на четирите земји, во писмо до шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, и министерката за … Холандија, Полска, Шпанија и Шведска денес побараа Европската Унија да ја преиспита можноста за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина, проценувајќи дека договорениот заем од 90 милијарди евра нема да биде доволен за потребите на Киев. Министрите за надворешни работи на четирите земји, во писмо до шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, и министерката за надворешни работи на Ирска, Хелен Мекенти, чија земја претседава со ЕУ, побараа прашањето да се дискутира на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ на 1 и 2 септември во Ирска.