Компанијата „Tesla“ започна со проверка на своите добавувачи во кинескиот регион на делтата на реката Јангце, во рамките на подготовките за масовно производство на хуманоидниот робот „Optimus“ Тимот на „Tesla“ за хуманоидни роботи минатата недела започна со проверки на фабриките на компаниите кои за „Tesla“ произведуваат клучни електромеханички компоненти, вклучувајќи модули за зглобови, актуатори и прецизни структурни делови. Како што пренесува „Cnev Post“, повикувајќи се на извори запознаени со синџирот на снабдување, неколку кинески добавувачи веќе добиле нарачки за делови за „Optimus“, а производството би требало да започне набрзо откако ќе ги поминат проверките за квалитет и усогласеност на производствените линии. Проверките, освен во Нингбо, се спроведуваат и во Хангџоу, Шангај и во други делови од делтата на Јангце, при што повеќето компании веќе се добавувачи на „Tesla“ за потребите на производството на автомобили.