Дмитриј Медведев ги отфрла обвинувањата дека Русија е вмешана во нападот на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија, нарекувајќи ги тврдењата измислена саботажа и повикувајќи на казни кон германското производство на воена опрема. Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев , денес ги отфрли обвинувањата дека таа земја го организирала нападот на германскиот аеродром Лајпциг/Хале , велејќи дека станува збор за „ измислена саботажа “. Тој напиша на својот Телеграм профил дека нема докази за руска вмешаност во тој инцидент и дека Германија, поради овие лажни предупредувања, заслужува удар врз производството на воена опрема за Киев. „Берлин упати обвинувања за недокажан напад врз аеродромот во Лајпциг . Земајќи го предвид неонацистичкиот, екстремно русофобичен курс на сегашното раководство на Германија, измислената диверзија е најслабата форма на казна за нивните гревови.