Група млади неонацисти на 2 август се обидела насилно да влезе во хотел во Софија во кој биле сместени италијански ученици со еврејско потекло од Рим и од Милано и нивните наставници, јавија повеќе италијански медиуми, меѓу кои АНСА, „Кориере дела сера“, „Скај ТГ24“, „Соле 24 оре“, „Џорнале“, РАИ Њуз Група млади неонацисти на 2 август се обидела насилно да влезе во хотел во Софија во кој биле сместени италијански ученици со еврејско потекло од Рим и од Милано и нивните наставници, јавија повеќе италијански медиуми, меѓу кои АНСА, „Кориере дела сера“, „Скај ТГ24“, „Соле 24 оре“, „Џорнале“, РАИ Њуз и „Ла Пресе“. Според нивните информации кои ги пренесува бугарската агенција БТА, групата неонацисти се собрала пред хотелот, се обидела насилно да влезе во објектот, а потоа ги блокирала влезовите. Медиумите наведуваат дека и по интервенцијата на полицијата напаѓачите повторно се вратиле и повторно го блокирале пристапот до хотелот, оценувајќи го инцидентот како „тежок чин на антисемитизам во срцето на Европа“.