Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар во вторникот изјави дека Израел го затвора британскиот конзулат во Источен Ерусалим, акредитиран кај Палестинската самоуправа на Западниот брег, откако Лондон објави санкции за стока од израелските населби на окупираната палестинска територија на западниот брег на реката Јордан. Саар, исто така, рече дека на Велика Британија повеќе нема. Саар, исто така, рече дека на Велика Британија повеќе нема да ѝ биде дозволено да учествува во координативната мисија за Газа предводена од САД во Израел, дека британската обука на полициските сили на Палестинската самоуправа на Западниот брег ќе заврши и дека на некои избрани британски функционери и други државјани ќе им биде забрането да влезат во Израел.