Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека благодарение на ефикасната работа на полициите на Шпанија и на Мароко, мнозинството од мигрантите кои илегално влегоа во северноафриканската шпанска ексклава Сеута се вратени назад во Мароко и дека ниту еден од нив не стигнал до европското копно, самата Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека благодарение на ефикасната работа на полициите на Шпанија и на Мароко, мнозинството од мигрантите кои илегално влегоа во северноафриканската шпанска ексклава Сеута се вратени назад во Мароко и дека ниту еден од нив не стигнал до европското копно, самата Шпанија која се наоѓа на другата страна од Гибралтарскиот Проток, ниту до другите земји од Европската Унија. Фон дер Лајен на Икс напиша дека разговарала со комесарите за миграција Магнус Брунер и за Медитеранот, Дубравка Шуица за ситуацијата во малата шпанска ексклава каде што од четвртокот влегоа десетици илјади мигранти. „Добрата вест е што огромното мнозинство од оние кои пристигнаа илегално се вратија во Мароко, благодарение на ефикасната работа на шпанската и мароканската полиција.