Руската воздушна одбрана собори најголем број на украински дронови досега, над 1.400, во рекорден напад кон руските региони, додека Украинците продолжуваат со интензивирани воздушни напади врз стратешки цели Руската воздушна одбрана собори рекордни 1.478 украински дронови над руските региони во саботата, објави руската новинска агенција, повикувајќи се на тврдења од руското Министерство за одбрана. Неколку дена претходно, на 15 август, истата прорежимска агенција објави дека руската воздушна одбрана соборила 1.328 украински дронови, седум воздушни бомби, 17 ракети „Фламинго“ и четири ракети „ХИМАРС“. Пред овој рекорд, најголемиот регистриран број на уништени дронови во еден ден беше забележан на 2 август, кога руската страна тврдеше дека соборила 1.158 украински дронови.