На прес-конференцијата ноќта кон средата по самитот на Шајганската организација за соработка (ШОС) во киргистанската претолнина Бишкек, рускиот претседател Владимир Путин одговараше на новинарски прашања порачувајќи за тоа „што го очекува режимот во Киев“, доколку се обиде да „го затвори небото“ за Русија како што претходно се закани украинскиот претседател Володомир Зеленски, за состојбата на На прес-конференцијата ноќта кон средата по самитот на Шајганската организација за соработка (ШОС) во киргистанската претолнина Бишкек, рускиот претседател Владимир Путин одговараше на новинарски прашања порачувајќи за тоа „што го очекува режимот во Киев“, доколку се обиде да „го затвори небото“ за Русија како што претходно се закани украинскиот претседател Володомир Зеленски, за состојбата на преговорите за Украина и напредувањето на руските сили на украинскиот фронт. Во ноќното обраќање во вторникот украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди авиокомпаниите и осигурителните компании дека присуството на украински беспилотни летала го направило руското небо опасно за користење и дека тие се практично затворени. „Денеска сакаме да ги предупредиме сите авиокомпании што го користат рускиот воздушен простор, сите осигурители, сите што сè уште ги користат клучните руски аеродроми: Руското небо станува целосно опасно“, рече Зеленски.