Минатата ноќ била една од најстудените во Москва од почетокот на летото, со температура што се спуштила до 9,7 степени Целзиусови, соопшти Михаил Леус, водечки специјалист во метеоролошкиот центар „Фобос“.
„„Со делумно облачно небо и студени воздушни маси што продолжија да се движат кон централниот дел на европска Русија, ноќта во руската престолнина беше една од најстудените од почетокот на летото“, напиша Леус на својот канал на „Телеграм“.