Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави дека Русија ќе има суров одговор на украинските напади врз нејзината економска и трговска инфраструктура, но дека не се планира воена ескалација бидејќи руските сили напредуваат на терен Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков , изјави дека Русија ќе одговори „остро“ на украинските напади врз нејзината економска и трговска инфраструктура . „Украина се обидува да ја нападне нашата економска и трговска инфраструктура, предизвикувајќи одмазднички акции од наша страна, а тој одговор ќе биде суров “, изјави Песков за Блумберг. Тој оцени дека на Русија не ѝ е потребна никаква „воена ескалација“ во Украина, наведувајќи дека руските вооружени сили веќе напредуваат, пренесува Танјуг. „Ако зборувате за воена ескалација, едноставно не ни е потребна бидејќи така и така одиме напред“, рече портпаролот на Кремљ, пренесе ТАСС.