Во Кембриџ Сити, Индијана, луѓето беа евакуирани од своите домови со чамци откако водата ги поплави градските улици и стигна до покривите во некои делови од градот.
„Метеоролозите предупредија дека најлошото можеби не е завршено за некои жители на Средниот Запад на САД, бидејќи водостојот на реките е се поголем и таквите нивоа на водата би можеле да соборат рекорди во некои области Американските држави Кентаки, Илиноис, Индијана, Ајова, Тенеси и Охајо се соочуваат со најголемо дневно количество на врнежи од дожд што е некогаш забележано во тие области, што предизвика поплави на стотици локации.