Вашингтон признава дека трговската војна со Канада ги загрижува американските земјоделци, но администрацијата на Трамп очекува победа во преговорите, откако Канада најави воведување контра-царини до 50 насто за американска стока од 8 септември.. „ Ние сме обединети во нашиот одговор, обединети во нашата решителност и обединети во борбата за Канада “, изјави Франсоа-Филип Шампањ, министер за финансии на Канада. „ Нема сомнение дека ова предизвикува загриженост, но јас го видов претседателот Трамп и претходно како носи тешки одлуки и потоа успева, особено во трговијата“ , рече Брук Ролинс, секретарка за земјоделство на САД.