Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати денеска изјави дека не се точни тврдењата за пропаднатата иранската економија, нагласувајќи оти земјата ги наплаќа побарувања и има доволно девизни резерви. Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран е пропадната држава, која нема морнарица, воздухопловни сили, валута и во која инфлацијата е 300 проценти, како и дека не им плаќа на своите војници и полицајци, а иранските лидери се во целосен хаос. Категорично кажувам дека не е точно тврдењето оти Иран влегол во фаза на економски колапс … На американскиот претседател му порачувам дека имаме доволно странска валута, наведе Хемати.