Извршниот директор на компанијата „OpenAI“, Сем Алтман, ќе одржи излагање пред Советот за безбедност на ОН… Извршниот директор на компанијата „OpenAI“, Сем Алтман, ќе одржи излагање пред Советот за безбедност на ОН оваа недела, за време на годишниот собир на светските лидери во Њујорк повод заседанието на Генералното собрание на ОН. Советот за безбедност, кој брои 15 членки, би требало да се состане во среда за да расправа за вештачката интелигенција и меѓународната безбедност, само неколку недели откако водечките луѓе од индустријата за вештачка интелигенција повикаа на координирано забавување на развојот на оваа сè помоќна технологија, предупредувајќи дека таа наскоро би можела самата да се унапредува и да излезе од човечка контрола. Се очекува излагањето на Алтман да се фокусира на потребата од меѓународна координација и заеднички безбедносни стандарди, како и на чекорите што „OpenAI“ ги презема за да осигура луѓето ширум светот да имаат корист од тоа, наведе портпаролот. Состанокот на Советот за безбедност го свика Франција, која претседава со ова тело во текот на септември, а со него ќе претседава францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро.