Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни н Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната. Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница. Неговата порака следи по вчерашните најсмртоносни украински напади врз Русија од почетокот на војната, кога во масовен напад со дронови во Татарстан беа убиени 13 луѓе, а повеќе десетици беа повредени.