Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната се повеќе ќе се чувствува на територијата на Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Постојат целосно праведни одговори, на секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна се повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија“, нагласи Зеленски.