Во истражувањето спроведено од агенцијата ИБРиС за весникот Жечпосполита, 67,2 отсто од испитаниците се за депортирање на Украинците, мажи на возраст меѓу 25 и 60 години, доколку немаат работа во Полска, додека 23,4 отсто биле против, а најмала поддршка предлогот на опозициските конзервативни националисти од Право и правда има меѓу младите, каде за нивна депортација Во истражувањето спроведено од агенцијата ИБРиС за весникот Жечпосполита, 67,2 отсто од испитаниците се за депортирање на Украинците, мажи на возраст меѓу 25 и 60 години, доколку немаат работа во Полска, додека 23,4 отсто биле против, а најмала поддршка предлогот на опозициските конзервативни националисти од Право и правда има меѓу младите, каде за нивна депортација се 43 отсто. Полската влада категорично ја одби оваа иницијатива и предупреди дека бројот на депортирани и онака би бил занемарлив, а како што кажа заменик министерот за внатрешни работи Мачеј Душчик, ако Украинците еден ден не дојдат на работа целата земја ќе сопре. Душчик прецизираше дека 65 отсто од воените бегалци во Полска работат легално, ако се вклучат и гастарбајтерите кои дошле пред почетокот на конфликтот во Украина, тој удел е 80 отсто.