Американскиот претседател Доналд Трамп е решен да се заврши руско-украинската војна, а потоа да се фокусира на инвестициски и деловни можности во Украина и САД, изјави денеска во Киев претставникот на американскиот претседател Џаред Кушнер. „Претседателот Трамп секогаш вели дека колку е потешко нештото, ако вреди, мора да се даде сè од себе. Затоа е решен да види како завршува оваа војна, како завршуваат смртните случаи, како се обединуваат семејствата, а потоа, се надеваме, да го направи она што најмногу го сака - да се фокусира на инвестирање во деловни можности што ги зближуваат земјите“, рече Кушнер по уште една рунда преговори, јавија украински медиуми.