Имплементацијата на мировниот договор во Појасот Газа, објавен од американскиот претседател Донал Имплементацијата на мировниот договор во Појасот Газа, објавен од американскиот претседател Доналд Трамп, ќе зависи од тоа дали Израел ќе ги почитува своите обврски според договорот постигнат минатата година, изјави денеска за Ројтерс висок функционер на палестинската милитантна група Хамас . Во објава на неговата платформа за социјални медиуми Truth Social, Трамп објави „голема пресвртница“ кон завршувањето на војната во Газа, тврдејќи дека неговиот „Комитет за мир“ постигнал договор за целосно разоружување на Хамас и другите вооружени групи. „Инсистиравме кај медијаторите дека Израел мора да се придржува до договорот“. Гази Хамад, функционер на Хамас вклучен во преговорите, рече дека договорот е „сеопфатна рамка“ која, покрај разоружувањето, се осврнува и на други прашања и ќе зависи од спроведувањето од страна на Израел на првата фаза од договорот постигнат минатата година во Шарм ел Шеик, Египет.