Американскиот претседател Трамп претходно соопшти дека ги откажува нападите врз Иран под услов брзо да се постигне договор.
„Во објава на социјалната мрежа „Трут Соушл“ американскиот претседател напиша дека одлучил да ги откаже нападите врз Иран, под услов со земјата брзо да се склучи договор кој би вклучувал неодложно отворање на Ормуската Теснина и ставање крај на нуклеарната закана од Иран Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се согласи на компромисен договор за отворање на Ормуската Теснина, што доведе до тоа американскиот претседател Доналд Трамп да го откаже планираниот напад врз Иран, пренесе израелскиот Канал 12, повикувајќи се на два дипломатски извори запознаени со деталите од преговорите.