Седум земји членки на Европската Унија, меѓу кои Франција и Шпанија, ја критикуваа Словенија поради одлуката да го блокира именувањето на поранешната министерка за надворешни работи, Тања Фајон, за специјална претставничка на ЕУ за регионот Сахел во Африка, објави „Еурактив“, повикувајќи се на дипломатски извори. Според порталот, Фајон, членка на Социјалдемократите, минатиот месец во последен Седум земји членки на Европската Унија, меѓу кои Франција и Шпанија, ја критикуваа Словенија поради одлуката да го блокира именувањето на поранешната министерка за надворешни работи, Тања Фајон, за специјална претставничка на ЕУ за регионот Сахел во Африка, објави „Еурактив“, повикувајќи се на дипломатски извори. Според порталот, Фајон, членка на Социјалдемократите, минатиот месец во последен момент била спречена да биде именувана на високата функција во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), по интервенција на владата на словенечкиот премиер, Јанез Јанша.