Вучиќ им кажа на новинарите во Палата Србија дека е задоволен што имал можност да му биде домаќин на Зеленски, посочувајќи дека вчера и денес имале долги и добри разговори и изрази надеж дека сè што разговарале, а се однесува на подобрување на билатералните односи во сите области на општествениот живот, ќе дојде до правиот Вучиќ им кажа на новинарите во Палата Србија дека е задоволен што имал можност да му биде домаќин на Зеленски, посочувајќи дека вчера и денес имале долги и добри разговори и изрази надеж дека сè што разговарале, а се однесува на подобрување на билатералните односи во сите области на општествениот живот, ќе дојде до правиот израз по тие средби. Вучиќ го повтори ставот дека Србија ја поддржува Повелбата и Резолуцијата на Обединетите нации, што значи територијалниот интегритет на сите земји-членки на ОН, вклучително и Украина, додавајќи дека е многу благодарен на Украина за поддршката на територијалниот интегритет на Србија. „Што се однесува до нас, ние ќе продолжиме да водиме таква принципиелна политика и нема „но“ по тоа прашање, тоа е точно такво какво што е, многу прецизно, јасно, решително, како што изговорив во овој момент“, порача Вучиќ.